Македонија
26. September 2017 - 16:27

Слични плакати, слаби пораки - изморени се граѓаните или партиите слабо се вложија во стартот на кампањата?

Комбинација од позитивна и негативна кампања, без многу еуфорија очекуваат политичките аналитичари во наредните две недели. Според нив, серијата набиени изборни циклуси но и кондицијата во која се наоѓаат политичките партии даваат за право да се верува дека барем во првата половина, партиите повеќе внимание ќе посветат на промоција на сопствената програма, одошто на оцрнување на противниците.

Слична ситуација Муслиу очекува и во албанскиот политички блок, каде што за разлика од македонскиот, има поголем број на политички партии со големи амбиции. Според него, гласачите од албанскиот етнички корпус имаат понизок праг на толеранција на негативна кампања

И Муслиу и Кржалоски не очекуваат партиите да користат националистичка реторика, особено не во ситуација во која и не се чувствува некоја голема предизборна еуфорија. За помирната атмосфера, Кржалоски причините ги гледа во повеќе фактори.

Што и да понудат во предизборната кампања експертите се согласни дека политичарите не можат многу да влијаат на расположението на граѓаните. Анализите покажуваат дека и најдобрите предизборни кампањи не можат да направат поголемо поместување од 3%, а кога станува збор за локални избори, шансите се уште помали.