Македонија
25. јуни 2017 - 19:23

Слепите лица бараат македонските банкноти да го содржат и Браевото писмо кое ќе биде читливо

Слепите лица бараат македонските банкноти да го содржат и браевото писмо кое ќе биде читливо. Од друга страна, бараат и пасошите да бидат рељефни, како порано, кога лесно можеле да ги распознаат.

-Пасошите поранешни што се печатеа, јас го знам тоа затоа што сум слеп од дете, знам дека пасошите беа рељефни и слепите знаеа да прочитаат и број на пасош и име и презиме и сите работи. Тоа треба и повеќе од потребно е –изјави Георге Георгиев, секретар на Здрушение на слепи лица-Штип

Здржението за слепи лица со седиште во Штип, кое брое 105 членови и во кое членуваат и слепите лица од Пробиштип и Радовиш, досега покренало повеќе иницијативи. Најважно според нив е да им се обезбеди нормално функционирање по градските улици со поставување на огради на критичните места, а досега им се прифатени и реализирани неколку нивни барања.

-Лекарствата по наша иницијатива се печатат на браево писмо. Значи одиме напред, иницијативите постепено се реализираат-изјави Георгиев

Пред десетина дена во штипската библиотека беа донесени 27 наслови од современата македонска литература испечатени на браево писмо, а ќе бидат достапни и звучните книги наменети за помладата читателска публика.