Македонија
15. July 2015 - 8:27

Следува период на стабилно, суво и многу топло верме

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува и слаб доумерен северозападен ветер.

Утринската температура до 19, а дневната ќе се движи од 28 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална локална облачност и со слаб умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 19, а дневната до 34 степени.

Ќе следува период на стабилно, суво и топло време. До четврток ќе дува повремено умерен северен ветер, а од петок ветерот ќе биде претежно југоисточен. Во петок ќе има мало наоблачување, но и понатаму ќе се задржи суво. Суво ќе биде  и за време на викендот.