Македонија
7. February 2018 - 14:16

Следната недела нова средба на Нимиц со министрите Димитров и Коѕијас

Нова средба во рамките на процесот за преговори под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на министерско ниво ќе се одржи следната недела, потврди на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев. 

-  Се надевам дека уште идната недела под раководство на Метју Нимиц ќе се одржи состанок помеѓу двајцата министри како ново ниво на преговарачкиот процес што е договорено,  рече Заев на прес-конференцијата посветена на средбата на Владата и Агенцијата за млади и спорт со спортски работници.