Македонија
18. July 2016 - 12:29

Следи нов пеколен бран - временска прогноза до крајот на месецот

Уживајте додека можете во свежото време. Денешниот очигледно ќе биде единствениот таков до крајот на овој месец, доколку се исклучат утрешниот ден и средата, кога според прогнозите не чека за некој степен посвежо време од она што сме навикнале за средината на јули.

Веќе до крајот на неделата, а особено во првиот ден од викендот, пеколот повторно се враќа. Облаците се повлекуваат и во сабота, температурите повторно ќе бидат близу четириесетката. Услови за дестабилизација ќе има во недела, но и дождот нема да донесе некое значително освежување.