Следете ги овие препораки за екстремниот студ
Во Македонија и утрово температурите се многу ниски, а дневните ќе бидат од минус четири до пет степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), пораст на температурата ќе има од петок.
Времето во Македонија ќе биде многу студено, а преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури. Утринската температура ќе се движи од минус 20 до минус девет, а дневната од минус четири до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус два степена.
Се препорачува без неопходна потреба да не се излегува од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напивки и да се избегнува консумација на алкохол. Воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.
УХМР информира дека пораст на температурата ќе има од петок кога ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието, во јужните делови и на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.
Во недела се очекува преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари