Следат неколу жешки денови а потоа повторно температурен шок
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната температура од 30 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 33 степени.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и занчително опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња