Слатки, неодоливи и опасни: Овие хороскопски знаци се најголеми манипулатори
Нема да можете да одолеете на нивниот шарм, но бидете внимателни и не наседнувајте секогаш на нивните прикани.
БЛИЗНАЦИ
Не им верувајте на она што го кажуваат, или барем нивното кажување земете го со голема доза на резерва. Близнаците често веруваат во искреноста на своите намери, но брзо се предомислуваат.
РАК
Знаат точно што да кажат и со колкава емоција. Раковите знаат како да го добијат она што го посакуваат и ќе направат сѐ за да дојдат до целта. Тие се апсолутни мајстори во манипулацијата со зборови, но и со солзи.
ЛАВ
Лавовите се нарцисоидни, а со самото тоа уверени дека сите го сакаат истото што и тие. Поради тоа ќе се обидат да ја изманипулираат личноста, да го прави она што тие сакаат и да ја уверуваат дека другите идеи се лоши.
ВОДОЛИЈА
Обожуваат да гледаат некој како се заљубува во нив, а кога ќе го постигнат замисленото, го губат интересот и бараат нова занимација. Ако случајно забележат дека вие го губите интересот, со манипулација лесно ќе ве вратат на „правиот“ пат.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива