Џет-Сет
10. October 2015 - 16:50

Слаткар стана ламберсексуалец!

Меѓу оние што одлучи да го збогати изгледот со голема, “бујна” брада е и Слаткар.

Периодов Марко качи па симна некој килограм, правеше операција на горните екстремитети која од одамна ја одложувал, заздраве, па го смени иниџот и остави мустаќи.

Набрзо му досадија, па реши да пушти долга брада, да ја врзе косата во популарниот машки кок и со тоа да биде меѓу армијата момци што не одолеаја да влезат во категоријата на ламберсексуалците.

slatkar

Сепак остана доследен на својот стил, боемската шапка му остана омилен аксесоар, урбаните сакоа и впечатливо спуштените панталони.

mar

Жените ширум светот позитивно реагираа на трендот кој ги опседна мажите, а веруваме дека и на неговата сопруга Сања Николиќ оваа долга брада и се допаѓа.