Слаломска победа за Вероника Зузулова

Победничка на денешната трка во Земеринг, Австрија е Вероника Зузулова од Словачка. Ова за неа е прва победа во слалом, што е нејзин најголем резултат во оваа дисциплина. На втората позиција се пласира Катрин Цетел од Австрија која заостана 10 стотинки, зад победничката. Третото место и припадна на најдобрата од првата трка, Тина Мазе од Словенија (ФОТО) која во второто возење не успеа да ја задржи предноста.
 
Во пласманот за слалом на чело изби Мазе со 230 бодови, пред Германката Марија Хефл – Риш.
Во генералниот пласман Мазе веќе успеа да собере повеќе од 1000 бодови. Со вкупно 1059 бодови таа е водечка, пред Хефл – Риш која има 632.