Македонија
14. January 2017 - 18:33

Слаб снег на планините, ноќеска од -13 до -4

Повремен снег вечерва паѓа на планините и повисоките места низ Македонија. Дува и слаб повремено умерен претежно западен ветер, особено на повисоките места, во Пелагонија и во Штипскиот регион, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вечерните и ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од  -13 до -4, а дневните ќе бидат во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје слично време со температури од -12 до 4 степени.

Од понеделник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса, која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на наредната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.