Македонија
21. November 2017 - 12:25

Скриени таблети во донесена храна на родилка на Клиниката во Скопје

Обид за подметнување храна со скриени таблети на родилка на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е пријавено од страна на медицинска сестра од Клиниката.

Како што информира МВР, случајот е пријавен синоќа околу 22,00 часот од страна на медицинска сестра од Клиника за гинекологија и акушерство, според која на Клиниката, каде била примена родилка со породилни болки, дошле три машки лица- нејзини познаници, кои и донеле храна, а во сендвичот вработените пронашле четири големи таблети сина боја.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.