Живот
5. December 2016 - 17:00

Скриена камера снимила "неочекуван ѕвер" како скока, дивее, и ржи во шума

Скриена камера поставена во една шума во Полска, со намера да ги сними животните во дивината, снимила "неочекуван ѕвер".

Камерата снимила гол 21 годишен студент од Чешка, Марек Х. кој скока по шумата и го имитира сибирскиот тигар. Оваа идеја на Марек му дошла на памет откако земал ЛСД во желба да ја излечи депресијата.

Но наместо лекување Марек замислил дека е редок вид на ѕвер од Сибир, па се соблекол и гол дивеел низ шумата. Можете само да замислите каков шок доживеале шумарите кога следното утро ја погледнале снимката од камерата која веднаш ја предале на полицијата.

Откако е приведен тој признал дека халуциногената дрога влијаела на него да мисли дека е сибирски тигар. Навел дека отишол во шумата бидејќи нешто надушкал па морал да го следи мирисот за да види за што се работи. Марек за 8 часа поминал повеќе од 20 километри на чешко-полската граница. 

Погледнете го видеото: