Бизнис
24. November 2017 - 20:17

Скопскиот регион најбогат, истокот најсиромашен

Со 6.290 евра по жител, скопскиот регион е најбогат во земјава. Според податоците на државната статистика , токму овај регион има најголемо учество во бруто домашниот производ, или  речиси 43%. Најмало , само 5 отсто има североисточниот регион. Гледано по структура, полошкиот регион со 1.980 евра, има најниски приходи по глава на жител. Слично е и со истичниот, југозападниот, североисточниот регион, каде БДП по жител се под просекот во државата, кој изнесува  4,390 евра.  Статистиката наведува  дека дневната миграција на работна сила придонесува во даден регион да се создаде бруто домашен производ ште не е резултат на резидентното  неселение. Затоа некаде податоците за  БПД по жител  се преценети, а некаде  потценети. Експертите велат- тоа е така затоа што сите капацитети, се лоцирани во главниот град. Секој жител бара работа токму во Скопје

Жителите во источниот регион имаат  најниски плати, за тоа што таму се лоцирани трудио интензивните фабрики ,  каде се исплаќаат минимални плати

Бизнисмените се надеваат дека состојбата ќе се промени. Ќе настојуваат да привлечат нови капацитети , кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните

Инаку Брутодомашниот производ  во 2015 та година изнесувал 9 милијарди 88 милоиони евра.