Македонија
27. May 2017 - 10:35

Скопски цветен фестивал во паркот „Македонија“

Четврто издание на Скопски цветен фестивал  ќе се одржи викендов во парк „Македонија“ во населбата Тафталиџе во Скопје во организација на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило. 

Манифестацијата ги обединува љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.

- Во текот на двата фестивалски дена граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат совети, консултации и идеи поврзани со уредувањето и одржувањето на цвеќето и зеленилото, да купат цвеќиња и цветни аранжмани, да се дружат на отворено и да се забавуваат, најавија организаторите.