Скопска премиера на филмот „Лазар“
На 19. Скопје филм фестивал вечер во кино „Милениум“ ќе биде прикажан играниот филм „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски - премиерно во Скопје по неговата светска премиера во септември на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Филмот раскажува за илегален транспорт на мигранти и бегалци. Премиерното прикажување беше во екот на мигранстаката криза кога илјадници мигранти дневно ја минуваа грчко-македонската граница. Но тоа, рече режисерот денеска на прес-конференција, не е нова појава и е тренд и последица на хуманитарните катастрофи што се случуваат низ светот.
- Роден сум во Велес и бев сведок на последиците на општествениот колапс што се случи со транзицијата. Цела моја генерација остана без перспектива, многумина влегоа во криминални структури и се изнаслушав многу такви приказни. Лазар е слика на она што се случува во Македонија, тоа е една емотивна слика на будењето на емпатијата, на создавањето на совеста, на будењето на хуманизмот. Филмот го поставува прашањето за тоа каде е границата меѓу емпатијата и себичносноста, себичноста која е тренд на денешното време на глобализација, рече Ристовски.
„Лазар“ следува по 11 години пауза од неговиот претходен филм „Илузија“. Ристовски, кој е и косценарист на новиот филм, рече дека подолга пауза е и корисна за авторски да созреее, но дека процесот траел 7-8 години и поради собирање на потребните финансии што, како што рече, не е воопшто лесно.
Насловниот лик го игра хрватскиот актер Ведран Живолиќ кој истакна дека овој филм за него е животно искуство за кое му е благодарен на Ристовски. - Ова беше за мене едно големо искуство, голема школа и не го кажувам ова куртуазно, туку навистина така мислам, имаме одличен филм, одлично сценарио и екипа, рече Живолиќ.
Директорот на фотографија Дејан Димевски кој првпат соработува со Ристовски на игран филм. - Филмот е многу храбро направен, има масовна сцена со околу три илјади учесници, која е снимена за осум часа, потоа има малку светло заради автентичноста на просторот и времето на дејството, рече Димевски кој со Ристовски се познава од студентските денови и претходно соработувале во снимање реклами и спотови.
Снимен е со буџет од 1.079.000 евра но, според режисерот, филмот изгледа доста поскапо бидејќи има кадри со касакадери, затворени сообраќајници, масовни сцени. Благодарен е од услужливоста во сите општини во земјава каде што е сниман филмот (Штип, Скопје и Демир Капија) и има впечаток дека секаде во Македонија се поддржува снимањето македонски филмови. Филмот е копродукција на Македонија, Бугарија и Франција, со поддршка на Еуримаж. Снимањето траело шест недели, покрај во Македонија, снимано е и во Софија. Монтажата ја направи Атанас Георгиев.
„Лазар“ досега учествуваваше и на неколку меѓународни филмски фестивали. Македонската публика ќе има можност да го гледа од 5 мај кога се планира редовно прикажување во кината „Синеплекс“ и „Милениум“.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница