Македонија
5. September 2016 - 16:26

Скопје стана град на светица, стартува татковинска прослава по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица

Спомен куќата на Мајка Тереза е еден од најпосетуваните музеи во Македонија. Бројката од 80 илјади до 100 илјади посетители кои годишно доаѓаат во музејот говори за почитта која ја добива од македонците но и странците од целиот свет. Прогласувањето за светица според вработените во музејот дополнително ќе ги заинтригира луѓето да го посетат музејот и да ги видат експонатите.

Во чест на прогласувањето за светица во текот на следните денови се организираат низа настани, централниот ќе биде на плоштадот Македонија каде ќе се оддржи духовна програма на местото на родната куќа на Мајка Тереза.

Во Спомен куќата на Мајка Тереза се изложени голем број експонати, фотографии и предмети директно поврзани со неа, кои говорат за нејзиниот животен пат од Скопје до Калкута.