Македонија
10. December 2017 - 16:06

Скопје, особено Центар и Аеродром се затрпани со отрови кои ги поставуваат луѓе за да ги убијат кучињата скитници

Во Македонија не се применува Законот за  задолжително мирочипирање на кучињата. Доколку инспекторите наидат на сопственик кој не го регистрирал својот миленик , тој прво ќе биде опоменат а потоа казнет. Сопственикот на  ротфајлерот кој нападна десетина деца и возрасни сеуште е непознат бидејќи кучето не е чипирано. Се претпоставува дека е напуштено а со тоа сопственикот втор пат го прекршил законот. Од агенцијата за храна и ветеринарство велат ја следат состојбата на ротфајлерот по што ќе констатираат дали кучето е носител на заразна болест.

Тонски Велика Атанасова портпарол на АХВ Кај нас микрочипирани се 2500 домашни миленици. Казните се од 35 до 45 евра.

За разлика од домашните, за  уличните кучиња има регистар. По третманот во Вардариште за секое куче се прави досие, но според директорот на Комунална хигиена акцијата „залови стерилизирај , врати“ не дава резултат.

Од агенцијата за храна и ветеринарство минатиот месец побарале од Владата да набави 100 илјади микрочипови. Од идната година велат, ветеринарните друштва бесплатно ќе аплицираат чипови на домашните миленици.

-  Кучињата задолжително треба да бидат врзани и со маски кога се изнесуваат надвор, рече Велика Атансасова од АХВ

Локалните власти имаат обврска да изградат прифатилишта за миленици на територија на општината со која раководат. Но , во Градот Скопје освен стационарот Вардариште, друго прифатилиште нема. Градоначалникот Шилегов до сега не  одговори на реакциите од граѓаните и најавените тужби по нападот на ротфајлерот. Информација за актуелната состојба најавија за утре. По инцидентите, здружението Анима Мунди регистрираше фрлени отрови на неколку локации во градот. Апелираат да не фрлаат отрови бидејќи опасноста од нив се заканува и на луѓето.