Македонија
12. January 2017 - 8:24

Скопје најстуден град - еве колкава е температурата ова утро

Во Скопје Петровец и Берово утрово е најладно, -21 степен. Минимални -20 се измерени во Битола, -19 во Тетово, -18 Куманово, Демир Капија и Штип, -17 во Струмица, -16 во Скопје Зајчев Рид и Прилеп, -15 во Крива Паланка, -14 во Виница, Дебар и Пожаране, -13 во Тополчани и Ѓуриште, -12 во Маврово и Гевгелија, -10 во Лазарополе, -9 во Крушево, -8 во Претор и -7 во Дојран и Охрид.

Како што информира УХМР, висината на снежната покривка до седум часот е најголема во Маврово, 62 сантиметра, а најмала во Дојран, еден. Во Лазарополе има 47 сантиметри снег, во Пожаране 41, 36 Тополчани, 29 Берово, 27 Дебар, 26 Ѓуриште, 25 Тетово, 24 Крушево, 19 Битола, 18 Крива Паланка,  16 Куманово и Струмица, 15 Охрид и Претор, 14 Демир Капија, 13 Штип, 12 Виница, 10 Прилеп и Скопје Петровец, 8 Скопје, и два Гевгелија.

За 24 часа се наврнати три литри на метар квадратен воден талог во Лазарополе и Битола, два во Дебар, Демир Капија и Претор и еден во Тополчани, Струмица, Крушево, Дојран, 

Преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност и многу студено, по одделни котлини со слаба магла. Само на места има зголемена облачност. До крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб западен ветер и со температура до -2 степена.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринска температура од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.

Во сабота, особено претпладне, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. На пониските места на југот и вдолж Повардарието поради повисоките дневни температури снежната покривка делумно или целосно ќе се истопи. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата.