Скопје - најпосетуван град од странските туристи
Скопје најпосетувано и најатрактивно за странските гости. За нив најинтересни дестинации се Старата чаршија како и градбите од Скопје 2014. На оние од арпските земји најмногу внимание им привлекува Археолошкиот музеј додека за европјаните најинтересна дестинација е Музејот на националната борба.
Како што информираат надлежните за 10 месеци лани,бројот на странски посети на главниот град пораснал за 8 отсто, што е над светскиот просек кој се движи околу 4 %.
Најбројни гости во земјава се Турците по кои следуваат Грците и Србите. Значително влијание за порастот на странски гости имаат и евтините летови кои ги воведе државата во изминатиот период. Крстевска информираше дека годинава се очекуваат и нови авио линии, како и влез на нов тур оператор.
Девизниот прилив од туризмот во 2015 изнесувал речиси 222 милиони евра. Лани овој износ е достигнат до октомври.
Според Светската туристичка организација при ОН, земјава во изминатите 10 години,бележи речиси 100 процентен раст во туризмот.
-
Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар