Македонија
3. July 2017 - 13:37

Скопје на нозе: Детали за силниот земјотрес што ги вознемири скопјани

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје при ПМФ регистрираа земјотрес со јачина од 5 степни по Рихтерова скала, денеска точно во 13 часот и 18 минути. Земјотресот е на 5 километри североисточно од охридското село Косел, односно 12 километри од Охрид, во длабочина од 10 километри.

Земјотресот го потврдија и сеизмолозите од соседните земји Албанија и Грција.

Ова е четврити и најсилен земјотрес денеска во охридскиот регион.