Македонија
24. November 2015 - 16:34

Скопје: Буџетот на градот ги скара советниците

Предлог буџетот на Град Скопје е развоен и со голем број на капитални објекти и инвестиции кои ќе го подобрат животот на скопјани, со оглед на тоа дека е направен преку целосно транспарентна постапка и во него се опфатени проекти од сите области кои се во надлежност на Град Скопје, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Алексовска потенцираше дека 46 проценти од вкупниот буџет или повеќе од 3 милијарди денари се предвидени за капитални расходи, од кои 2,5 милијарди ќе бидат искористени за реконструкција и изградба на улици и булевари, велосипедски патеки, водоводна, атмосферска и фекална мрежа .

СДСМ смета дека градоначаникот продолжува по старо и бара оставка на Коце Трајановски и нови избори за градоначалник на Скопје.

На отворањето на седницата во собранието на град Скопје, првиот човек на главниот град Коце Трајановски потсети на катастрофалната финансиска состојба која тој ја затекнал со неговото доаѓање на градоначалничката функција во 2009 година.

Тој потенцираше дека плод од меѓусебната соработка на општините од градот Скопје е предлог буџетот во кој се предвидени проекти за сите десет општини.