Скопјанка со инвалидитет: Ме избегнуваат момците, но јас сум мила и храбра девојка со широко срце
Момци, се жалите дека не можете да најдете девојки во градот кои ви бе разбрале, но има девојки кои би ви го дала сето она по што копнеете, но тие се секогаш последна опција бидејќи имаат некоја форма на инвалидност.
-Ја сум девојка со физичка инвалидност. Се чуствувам изолирана од општеството и друштвото.Често слушам од момците кои се во потрага по вистинска љубов дека не можат да најдат девојка која ќе ги разбере.Зошто погрешно ги сфаќате работите и сте полни со предрасуди кон оние кои се различни од вас, иако сум со инвалидност имам способности да разберам како човек.Но, очигледно јас сум последен избор, или не може со мене некој да биде само затоа што нашето општество ви дало погрешна претстава за нас, раскажува скопјанката Марија која пред 5 години издржала тешка сообраќајна несреќа што ја врзала за количка за цел живот.
Момците многу често, велат кога само би имале девојка која нема материјално да ме искористува и би ме сакала безусловно.
-Е, така другари, и меѓу нас има убави, мили и храбри девојки со широки срца. Јас имам високо образовани и сум успешна во тоа што го работам, сама се издржувам, а сепак сум осамена. Ослободете се од предрасудите кон нас, голем дел од вас едноставно не игнорираат и ниту не помислуваат дека ние сето тоа го можеме, мислат дека не би биле среќен со нас. Доволно е само да ни дадете шанса, еднаква како и на сите други девојки, бидејќи длабоко во душата, ние тоа и сме, вели Марија.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри