-->
-->
Скопјанка претепана од 15 години помладото момче на Св.Валентин
-->
Триесет и осумгодишната скопјанка А.Е, која времено престојувала во Гостивар, вчеравечер пријавила физички напад од 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска.
-Пријавениот дента во неколку наврати влегол и излегол од најзиниот стан, во кој живеела под кирија, по што околу 18 часот и 30 минути ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото, од што задобила видливи повреди и од друго лице, кое ги разделило, била пренесена во гостиварската болница, за да и се укаже лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
Напаѓачот Ј.Х. повикан е во Полициската станица Гостивар и се расветлува пријавеното, по што ќе следува поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари