Македонија
28. August 2015 - 12:56

Скопјани украле 17.500 евра, а лажеле дека добиле бинго

СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата К.И. (38), Ј.С. (19) и малолетниот лице на возраст од 16 години сите од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело “тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот Законик  на РМ.
 
Имено на 15 овој месец во ПС Гази Баба од страна на оштетениот Р.С. (73) од Скопје пријавено е дека е извршена кражба во неговата куќа (во рамки на која се наоѓа и вулканизерски сервис и деловни простории сопственот на пријавителот) при што е констатирано дека од гардероберот во спалната соба  од страна на непознат(и) сторител биле однесени 17.500 евра во различни апоени. Констатирано е и дека делото е извршено со употреба на сила и прекачување на сторителите преку прозорецот од кујната пришто без никакво претурање од гардероберот биле пронајдени и одземени посочената сума пари.
 
По ова од страна на полициски службеници на СВР СКопје превземени се оперативни активности и наредниот ден на 16.08. на разговор се повикани четири лица - К.И., Ј.С., малолетното лице и Ј.С. (33) кои биле вработени во вулканизерскиот сервис на оштетениот а биле на работа од 08 до 16 часот на 15.08 кога се случило кривичното дело.  
 
Од направените разговори и превземените мерки констатирано е дека тројца од вработените К.И. Ј.С. и малолетникот по претходен договор, откако првопријавениот дознал каде оштетениот ги чува парите го извршиле кривичното дело. Така, во времето меѓу 08,30 и 09,30 додека оштетениот не бил во куќата К.И. и Ј.С. чувале стража а малолетниот, со употреба на сила се прекачил од прозорецот на кујната во куќата и се упатил кон спалната соба каде што кваката била заврзана. Откако ја одврзал влегол во спалната соба ги пронашол парите ставени во кеса и откако ги ставил под маицата повторно ја заврзал кваката и излегол надвор од куќата.
 
Парите  17.500 евра или во денарска противредности 1.076.250 денари- ги сокриле до камион ладилник паркиран во дворот и по завршувањето на работното време во 16,00 часот ги земале и се упатиле во домот на второпријавениот каде дел од парите поделиле меѓу себе, а дел 13. 880 евра ги сокриле во близина на неговиот дом.
 
Во разговорот тројцата го признале делото, парите, односно 13.880 евра како и уште 800 евра (вкупно 14.680 евра) дадени на лице наводно како частење бидејќи наводно добиле на бинго, се одземени и со потврда вратени на оштетениот, додека остатокот пари 2820 евра ги потрошиле во кафулиња и во коцкарници како и за враќање нивни долгови.