Македонија
25. July 2017 - 11:06

Скопјанец загина во Крушево во несреќен случај

Седумдесет и осумгодишниот скопјанец Н.К. го загуби животот во несреќен случај.

Според МВР, вчера околу 10 часот во Крушево, Н.К. го тргнал каменот кој бил под тркалото од автомобилот со кое го осигурал возилото од движење по надолнина.

Но, тогаш возилото се придвижило. Скопјанецот се обидел да го сопре автомобилот, но паднал и се удрил на скалите од соседната куќа.

На пат кон прилепската болница скопјанецот им подлегнал на тешките повреди.