Скопјанец влегол во тобако да пазари, џипот го оставил незаклучен - му го најдоа во тетовско
Вчера лицето С.Е. (24) од Скопје пријавил дека околу 08.40 часот, пред тобако на ул. „Московска“, од страна на две непознати лица му било одземено патничко возило „Ланд Ровер - Ренџер спорт“ со скопски регистарски ознаки.
С.Е. застанал пред маркет и возилото го оставил незаклучено и со мотор во функција.
Во исто време слушнал отворање на врата од возило. Тој се обидел да ги спречи во намерата, но двајцата сторители со голема брзина го стартувале возилото и заминале во непознат правец.
Околу 09.05 часот полициски службеници го пронашле отворено возилото на патот Скопје – Тетово, во близина на с. Ласкарци.
Во 14.00 часот возилото му било вратено на пријавителот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење