Живот
24. September 2016 - 11:59

Скопјанец трипати кажал „НЕ“ пред матичарот

Скопјани сe подоцна стапуваат во брак и во речиси 70 отсто од браковите младенците се постари од 33 години.

Цена Ангеловска, матичарка во скопската служба вели дека денес брак меѓу дваесетгодишници е реткост, а намалена е и бројката на малолетничките бракови.

-Ми остави впечаток еден брак од неодамна, меѓу дедо од 78 години и баба од 72 години, кои се запознале во пензионерски дом, вели Ангелковска.

Матичарот Зоран Кузмановски, пак, изјавил дека во периодот на свадбени прослави склучува дневно и по 15 брака. Покрај тоа тој вели дека пред него не ретко се случуваат и невообичаени моменти.

Неодамна се случило младоженец да каже трипати „НЕ“ пред да се потпише во книгата на вечаните.

Откако сите биле шокирани од ваквиот неочекуван одговор, младоженецот слатко се изнасмеал бидејќи сите му поверувале на шегата.

Најмногу бракови се склучуваат во мај, јуни, септември и октомври, кога во викенд се склучуваат и по 17 брака на ден.