Скопјанец се бори за живот: Претепан бидејќи украл „Ауди“ од рент-а-кар
Четириесет и седум годишниот Ф.А. од Сарај со тешки повреди се бори за живот во Клиничкиот центар откако бил претепан.
Од полицијата информираат дека вчера во 15:20 часот на крстосницата од ул. „Црногорска“ и ул. „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел патничко возило “Ауди А6“ (сопственост на рент а кар фирма), загубил контрола врз возилото и удрил во бетонски столб.
- По незгодата, Ф.А. пеш се дал во бегство, но сопственикот на рент а кар фирмата А.Н. (36) од Скопје успеал да го фати и физички го нападнал. Ф.А. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинса помош бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност, информираат од полицијата.
За сообраќајната незгода увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Од МВР посочуваат дека за бесправното одземање на возилото, како и за физичкиот напад ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по целосно документирање на случаите.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација