Македонија
12. јуни 2016 - 12:23

Скопјанец се бори за живот по сообраќајка кај Хиподром

Г.З. (31) од Скопје е тешко повреден и во животна опасност по сообраќајката што се случила вчера попладне на локалниот пат кај ресторанот „Хиподром“.

Како што соопшти МВР, незгодата настанала во 13:15 часот кога се судриле две патнички возила, „Киа Пиканто“, управувано од  Б.Н.(37), и „Хиундаи Гетц“, управувано од М.З.К.(31), на патот од населбата Хиподром кон Илинден.   

Покрај Б.Н. и М.З.К., повредено е и шестгодишно девојче кое било во возилото  „Киа Пиканто“. Девојчето здобило скршеница на ногата.