Македонија
18. October 2017 - 13:37

Скопјанец итно пренесен на Ургентно

Во понеделникот околу 16:20 часот, на крстосницата од ул. „Коце Металец“ со ул. „Ферид Бајрам“ во Скопје, четири непознати лица кои биле со патничко возило „Цитроен“, физички го нападнале Г.В. (46) од Скопје. Тие го удирале со тупаници и клоци по телото, а едно од нив се обидело да го нападне со нож, но не успеало. После тоа, лицата побегнале во непознат правец. Г.В. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар каде му била констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Причина за  физичкиот напад најверојатно била тоа што Г.В. се обидел да им укаже на возилата кои минувале на крстосницата да возат повнимателно, бидејќи  претходно се случила сообраќајна незгода во која учествувал неговиот син.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.