Македонија
4. October 2015 - 16:00

Скопјанец и гостиварец пријавени за тешки кражби

Дваесетгодишен жител на Гостивар е пријавен за седум тешки кражби и уште дела „тешка кражба во обид“, додека неговиот 34-годишен познаник од Скопје е пријавен од Основното јавно обвинителство за поттикнување и прикривање на споменатите дела, информираше во неделата СВР Скопје.

- СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против две лица, А.О. (20) од Гостивар за сторени седум кривични дела - “тешка кражба“, 10 дела -“тешка кражба во обид“ и едно дело “кражба“, како и против Б.Г. (34) од Скопје за сторено кривично дело - “потикнување в.в. тешка кражба“ и три кривични дела - “Прикривање в.в. тешка кражба“, се наведува во соопштението на МВР.  

Од судија на претходна постапка на првопријавениот А.О. му е одредена мерка притвор во траење од 15 дена.

Кривичните дела, како што соопшти МВР, се извршени на подрачје на град Скопје, во текот на минатиот месец  и тоа едно на подрачје на Аеродром, а останатите на подрачјето на Центар, со што се пријавениот стекнале со противправна имотна корист од 105.198.оо денари, а причинил материјална штета од 84.120 денари, додека до поднесување на кривичната пријава не е утврдена противправната имотна корист и предизвиканата материјална штета од оштетените.

На подрачјето на Полициската станица Аеродром е извршена кражба на велосипед, каде пријавениот А.О. влегол во заедничкиот ходник се качил по скалилата и го украл велосипедот кој не бил заклучен, по што велосипедот го дал на друго лице.

Едно кривично дело тешка кражба е извршено во дрогерија каде првопријавениот со употреба на погоден тврд предмет-алат насилно делувал помеѓу крилото и рамот на влезната врата, влегол во канцеларијата и украл најлонско кесе во кое имало 100 денари метални пари и еден таблет компјутер.

Како што е наведено во соопштението од МВР, останатите кривични дела (шест  тешки кражба и десет тешка кражби во обид) се извршени во ист ден во деловна зграда, каде првопријавениот со употреба на погоден тврд предмет-алат насилно делувал помеѓу крилото и рамката во пределот на бравата од влезната врата обезбедена со комбинирано електро-механичка брава, ја отворил, влегол внатре во заедничкиот ходник, при што со употреба на погоден тврд предмет-алат насилно делувал на вратите од канцелариите -дадени под закуп на правни лица, при што во шест случаи украл четири лап-топ компјутери, торба за лап-топ компјутер, мобилен телефон, видео камера, полнач и далинско за видео камерата, џебен нож, додека во 10 случаи извршил пребарување и претурање и од непознати причини се откажал од намерата да украде нешто.  

- Во службените простории на Полициската станица Центар извршен е разговор со  првопријавениот во кој го појаснил начинот на извршените кривични дела и истакнал дека предметите од извршените кривични дела по претходен договор му ги продавал на второпријавениот Б.Г.  за одредена сума на пари и дел од украдените предмети се наоѓале во домот на Б.Г., а дел во автопералната во ГТЦ Скопје сопственост на второпријавениот, стои во соопштението на МВР.

Врз основа на судска наредба во просториите на Автоперална ГТЦ ДООЕЛ Скопје, сопственост на второпријавениот извршен е претрес на простории, каде се пронајдени дел од украдените предмети и истите се одземени од одговорното лице на автопералната, додека врз основа на судска наредба извршен е претрес и во домот на второпријавениот, но не се пронајдени украдени предмети.

Во Полициската станица Центар извршен е разговор со второпријавениот Б.Г. во кој тој дал појаснување и донел дел од украдените предмети, кои со потврда се одземени од него (видео камера, два лап топ копјутери и црна торба за лап топ) и вратени на сопствениците.

- Второпријавениот текот на изминатиот период со умисла го поттикнал првопријавениот А.О. да врши кривични дела од областа на имотни деликти, со што сторил кривично дело поттикнување на начин што по претходен меѓусебен договор го терал да врши кривични дела и дека укредените предмети ќе му ги откупи за одредена сума на пари, при што откако ќе му донел предмети кои потекнуваат од кривични дела тој ги откупувал и го потикнувал повторно да врши кривични дела, со ветување дека предметите ќе му ги откупува. Исто така, со намера да го прикрие сторителот на кривичните дела второпријавениот иако знаел дека предметите кои ги купува потекнуваат од сторени кривични дела тешки кражби, сторил кривично дело прикривање, се вели во соопштението.    

Лицето А.О. е познат извршител на кривични дела од имотните деликти (тешки кражби, тешки кражби во обид, кражби, одземање на моторно возило), додека Б.Г. е кривично пријавуван за кривични дела “противправно лишување од слобода“, “тешка кражба“, “лажно пријавување на кривично дело“, “насилство“ и “тешка телесна повреда“.