-->
-->
Скок на нашите тенисери на АТП листата
-->
Петте македонски тенисери кои имаат ранг на АТП листата на последната промена денеска имаат мал напредок во однос на претходната недела. Најдоброрангираниот играч Томислав Јотовски има скок од 6 места и со 59 поени се наоѓа на 553 место. Тој својот напредок може да го продолжи и следната недела со новите два поена.
Димитар Грабул се наоѓа на 892 место (+2 места) со 17 поени , додека Бесир Дургути има 6 поени и е на 1.238 место (+3). Стефан Мицов има 4 поени и е рангиран на 1.383 место (+2), Шендрит Деари е на 1.487 место (+3) со 3 поени, додека Бојан Јанкуловски со 2 поена има скок од 5 места и се наоѓа на 1.548 место.
На врвот на АТП листата Новак Ѓоковиќ е прв, на втората позиција се проби Енди Мареј, додека на третата падна Рожер Федерер. На четвртото место е Кеи Нишикори, додека петти е Стан Вавринка. Скок од едно место има и Рафаел Надал, кој сега се наоѓа на 8.место, додека Марин Чилиќ е на 9 место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино