Спорт плус
5. December 2016 - 15:29

Скендеровски: Промоција на футсалот со атрактивни противници

Вечерва во 18ч во спортската сала „Борис Трајковски“ стартува меѓународниот футсал турнир со учество на Македонија, БиХ и Португалија. 

Во првата средба нашата селекција ќе ги одмери силите со БиХ. 
Директорот на националниот футсал тим Васко Скендеровски очекува овој настан да биде промоција на футсалот но и добра фаза од подготовките за следниот квалификациски циклус во април наредната година:
 -Oва пред се би го нарекол подготовки за квалификациите  за ЕП но и промоција на футсалот. Јас успеав да го убедам селекторот на Португалија  на извлекувањето на групите во Нион да дојде во Македонија. 
Очекувам интересен турнир. Португалија е фаворит предводена од Кардинал, Бебето, репрезентација која ќе биде во врвот на следниот европски шампионат во Словенија. 
Ова ќе биде празник за гледачите бидејќи и ние и селекцијата на БиХ сериозно се подготвуваме за следниот квалификациски циклус- вели Скендеровски .