Македонија
28. May 2017 - 16:56

Скандалозно тврдење: На Балканот ќе се менуваат границите порано или подоцна - Ќе бидат повлечени во Македонија!

На Балканот порано или подоцна ќе дојде до промена на границите  , тврди поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балканот Стивен Мејер.

Како што тврди  новите граници најверојатно ќе бидат повлечени во Македонија но и на Косово. Смета дека Европската Унија повеќе нема решение за Балканот, а за САД овој регион не е повеќе интересен. Во однос на Србија смета дека изборот на Александар Вучиќ за претседател е очекуван.  

-Бих денеска е далеку од тоа да биде единсветна држава од било кој периодво минатото. Прашањето за Косово станува се поозбилно , а Македонија е во сериозно пропаѓање веќе неколку месеци. Во исто време нема одговор за проблемите со кои се соочува целио Балкан,  вели Мејер.

Тврди дека евентуалната промена на границите меѓу Албанија и Македонија може да доведат до создавање на голема Албанија, стратегија која нема да бдие подржана од САД.

Важно е да се има на ум дека Вашингтон повеќе не е многу заинтересира за Балканот. Адмнистрацијата на Трамп нема да реагира ако овие  промените се случат а миерн начин исто како што Црна Гора стана независна држава, вели Мајер.

На прашањето каква судбина ја чека Македонија, Мајер смета дека ако Црна Гора и Косово можат да бидат независни и помала Македонија би била реалност. Но тоа можеби не е најдобар правец за дејствување на таа, помала Македонија. Во тој случај за нив би било мудро да ја разгледаат можноста за федерална заедница со Србија, вели Мајер. Во однос на формирањето на војска во Косово тој смета дека владата во Америка во моментов не е насочена кон тоа но дека тактиво став може многу леснод а се промени. 

Според Мајер односите меѓу САД и Русија се многу лоши главно поради несогласувањата околу Србија и Украина, но и поради обвинувањата дека Москва била вмешана во претседателските избори во САД.