Македонија
20. April 2016 - 16:40

Скандалозно селфи на доктори во гевгелиската болница - Се сликале додека оперирале и постирале на Фејсбук

Нов скандал во гевгелиската болница. Доктори од болницата правеле селфи фотографија за време на операција додека пациентот е под дејство на анестезија и се наоѓа на опреационата маса. На фотографијата која на социјалните мрежи ја поставила една од докторките се наоѓа целата медицинска екипа која која учествувала во операцијата. Откако фотографијта била поставена на фејсбук луѓето ја поздравиле медицинкста екипа, а пртиоа никој не забележал дека со ваквиот потег и јавното објавување на фотографијата е нарушена приватноста на пациентот и законот за заштита на пациентите.

Директорот на гевгелиската болница Сретко Јованов вели дека бил затекнат  од целата ситуација и непријатно изненаден од истата. Во неговата писмена изјава тој вели дека веднаш по објавените информации во кои се наведува дека доктори од гевгелиската болница се сликале со отворен стомак на пациент биле преземени соодветни законски мерки за санкционирање на здравствените работници инволвирани во случајот.  Јованов вели дека согласно законот за здравствена заштита станува збор за дисциплински престап за кој се поведува соодветна дисциплинска постапка. За целиот случај ќе биде изготвен и соодветен извештај кој уште денеска ќе се достави  до клиниката за Карил каде е вработена една од докторките во случајот наведува Јованов во неговата писмена изјава. Воедно општа болница Гевгелија се оградува од индивидуалните постапки на поединци кои го нарушуваат угледот на установата.