Живот
31. August 2015 - 16:01

Скандалозно реално шоу – секс во живо во „Sex Box“

Реалните шоуа стануваат се поскандалозни, но ова што го смислиле сега изгледа ги поминува сите граници.

По „Големиот брат“, „Фарма“, преку „Парови“ и „Малдиви“, сега доаѓа „Секс кутија“!

Овој пат, станува збор за емисијата “Sex Box” која наскоро ќе почне да се емитува на американскиот канал WE TV, пренесува CNN. Според пишувањата, станува збор за шоу во кое двојките кои имаат сексуални проблеми ќе влезат во изолирана кутија каде треба да водат љубов.

Се уште се држи во тајност дали гледачите ќе можат да видат и колку, што се случува внатре во кутијата.

-Станува збор за атрактивен и уникатен концепт. Нашите двојки ќе имаат неповторливо искуство, а гледачите ќе добијат нова храбра телевизиска содржина, изјавил претседателот на WE TV, Марк Јурис.