Скандалозно: Малолетно дете вози камион на автопатот Скопје - Куманово
На 30 август минатата година делницата од Скопје кон Куманово, зад воланот на камиот ја поминал малолетниот Роберто.
„Малиот Роберто жари и пали по македонските патишта. Возач се раѓа, а овде гледаме нешто преубаво, прекрасно, не е тоа само возење, ова е како велосипед. Се работи за желба за волан, тоа чувство кога ќе тргне, тоа не неговото лице може да се забележи на почетокот на видеото, насмевката стои во текот на целото видео. Е сега треба да се има во предвид и другата страна, што би било кога би било и слично.. Но нема за тоа, напиша гордиот татко на ова детенце, кој видеото го објави на Фејсбук страницата „Камиони Босна.
Видеото наиде на различни коментари, и што е нормално повеќето не го одобруваат гестот на таткото што му дозволи на Роберто да вози, ни помалку ни повеќе туку камион.
Индикативно е што во текот на возењето по патот Скопје - Куманово нема ниту една полициска патрола, која сигурно ќе забележеше дете зад воланот на камион со странски таблички и ќе го казнеше соодветно таткото за овој сериозен прекршок во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење