Џет-Сет
12. January 2018 - 9:02

Скандалите се нижат: Српскиот пејач по дрогата, направил и сообраќајка

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој деновиве е топ тема бидејќи беше фатен со дрога и се разведува од сопругата, направил уште еден скандал периодов, кога имал сообраќајка.

Дарко на пат од Виена до Белград го удрил новото луксузно возило кое го купил за 35.000 евра од од поранешниот генерал на српската полиција, Драгиша Симиќ.

Дарко за среќа не е повреден, а српскиот Курир објави дека до несреќата дошло кога тој загубил контрола од засега непознати причини.