Спорт плус
5. August 2016 - 23:48

Скандал во Рио: Мароканец силувал келнерка во Олимпиското село


Мароканскиот боксер Хасан Сада е уапсен поради сексуален напад врз две жени во Рио де Жанеиро.
Полицијата соопштила дека Мароканецот силувал келнерка која работела во Олимпиското село.
Инцидентот се случил во средата, а повеќе детали ќе бидат објавени после истрагата.
Одреден му е притвор од 15 дена и за него Олимписките игри се завршени уште пред да почнат.
Инаку тој веќе утре требало да боксува со Мехмет Надир од Турција.