Живот
28. March 2017 - 22:53

Скандал во основно училиште- наставникот ја допирал неговата 11- годишна ќерка па си добил „ќотек„

Револтиран татко, тепал наставник, откако детето му се пожалило дека наставникот ја гушкал и допирал по градите.

Учителот Десимир Марковиќ ја фатил за гради мојата 11-годишна ќерка и нејзната постара другарка за време на продолжениот престој. Бев очаен кога го видов шокирано и расплакано детето, па отидов во училиштето и така изреволтиран го удрив Марковиќ, ова за курир.рс го тврди таткото Живорад Манчиќ (40).

Според неговите зборови, неговата ќерка и нејзината другарка седеле во училишниот двор и го прашале професорот да може да престојуваат на продолжениот престој за да им помогнат на помалите деца околу домашната задачи, што учителот дозволил.

Додека девојчињата им помагале на помалите дечиња професорот застанал до нив и почнал да ги гушка и допира по градите, девојчињата успеале да излезат од училиштето и 11-годишното девојче веднаш се пожалило кај својот татко.