Балкан
19. October 2017 - 15:27

Скандал во Албанија: Соработници на Рама поврзани со нарко шверц

Италијанската полиција до албанските власти испратила документи и транскрипти на 400 страници од прислушувани разговори, од кои произлегува дека неколку блиски соработници на албанскиот премиер Еди Рама, меѓу кои и Саимир Тахири, министер за внатрешни работи во неговата претходна Влада, биле вклучени во шврец на марихуана. 

На една од снимките на телефонскте разговори соговорник на Тахири му ветуваат 50.000 евра за „да замижи“, кога големо колчество мархуана требало да биде префрлено од Албанија за Италија.

Според албанските медуми, ова е уште еден од низата скандали кои ја тресат Владата на премиерот Рама, па опозицијата оценува дека претставува потврда дека „се што кажале за него излегло на виделна“.

Опозицската Демократска партија на Љуљзим Баша, заедно со Социјалистичкото движење за интеграција на Моника Круемади, се погласно бараат оставка на Рама и апсење на Тахири, за кого дел од медиумите наведуваат дека наводно се обидел да се самоубие.

Предавањето на транскриптите на албанските власти уследи откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за борба против на трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапси Моси Хабити, кого албанските медиуми го нарекуваат „балкански Пабло Ескобар“.

Хабиби е предводник организираната крминалнабандата „Хабилај“, која е вклучена во шврецот на дрога кон Италија.

Во меѓу време, албанската полиција соопшти дека синоќа во приморскиот град Валона запленила 4,5 тони мархуана, кои се обидувале да ја прошверцуваат припадници на бандата „Хабилај“,

Заменик директорот на албанската полција Ребан Јаупи изјави дека акцијата била успешно спроведена во соработка со Јавното обвинителство.