Живот
13. April 2016 - 18:31

Скандал: Професорка им се соблече на учениците среде час/18+

Скандал во италијанско средно училиште. Се појави снимка која наводно ја објавиле ученици, на која е нивната професорка како изведува стриптиз во училница.

Непристојната сцена се случила во Прато во Тоскана, а дошло и до вистински бунт на родителите кои бараат да реагира училиштето против ваквиот однос на професорката.

Видеото е снимено со мобилен телефон. Краткиот клип е споделен илјадници пати на социјалните мрежи. Италијанските медиуми наведуваат дека во прашање е професорка по информатички технологии, но не го откриваат нејзиниот идентитет.

На снимката се гледа моментот кога русата професорка потскокнува на музиката и ја крева блузата и ги покажува градите.

Директорката на ова училиште Марија Грација Темпести изјави дека е шокирана, но одби да го коментира видеото.

Вели, училиштето ќе покрене дисциплинска постапка. Професорката претходно во училиштето не направила никаков проблем.