Балкан
22. February 2017 - 21:16

Скандал: Овој политичар со клуч гребел туѓи автомобили и јавно го призна тоа

Познатиот задарски политичар во пензија, поранешниот пратеник во Саборот и претседател на задарскиот огранок на СДП, Романо Метровиќ призна дека ги уништува туѓите автомобиле во населбата Варош каде што живее.

Тој на локалните новинари им рече дека го нервираат сопствениците кои тука паркираат, а не живеат во близија и дека затоа со клуч изгребал неколку возила. Тој им се извини на сопствениците на автомобилите кои ги оштетил, но им објасни дека тоа го направил од очај, зошто никој од надлежните не се грижел за хаосот на паркингот во неговата улица.

-Никого не го интересираше тоа, ни полицијата, ни комуналната полиција, едноставно никој. Па дали требаше да направам вакво нешто за на нас станарите, некој да ни помогне? запраша тој и во прилог на сето тоа наведе што и неговата жена која тешко се движи бидејќи има метал во колената, не може да помине по улица со внучето во количка бидејќи се било закочено од автомобилите.

Foto: sabor.hr

Хрватскиот закон ваквите дела ги сместува во категоријата на оние каде оштетениот одлучува дали сторителот ќе биде казнет. Изгледа дека тој ќе се извлече бидејќи никој до сега не поднел пријава против непознат сторител.