Балкан
29. January 2016 - 15:00

Скандал, отишле на гробишта да погребат жена но таму ги дочекал шок!

Семејство на почината Србинка од Кикинда, Србија неможело да го искористи гробното место кое било закупено пред десет години на новите Мокриснки гробишта, бидејќи на истото место веќе било погребана друга личност.
 
Непријатностите сепак се решиле откако посмртните останки на извесна Амалија Јозо биле преместени во друго гробно место, па Србинката сепак била погребана покран нејзиниот маж и син.
 
- Не би прифатиле никакво друго решение, освен таа да биде погребана покрај мажот. Беше многу незгодна ситуација, бев бесен и нервозен, но сепак се добро се заврши, на крај ја погребавме на местото каде што припаѓа - вели зетот на покојната Србинка.
 
До оваа непријатност најверојатно дошло поради лошо водење на евиденцијата за гробните места од Јавно комунално претпријатие "6. октомври", претходната година во мај е превземена од ново Јавно претпријатие "Кикинда".
 
- Во договор видовме дека некој на тоа место е веќе погребан. Дури кога ја ископавме земјата се уверивме во тоа, претходната евиденција не било добро водена. Нажалост вакви пропусти и неправилности има, но веќе од мај претходната година пополека ги исправуваме грешките. Компромис најдовме на лице место, починатата Србинка е погребана до нејзиниот маж. Податоци за жената која беше тука погребана претходно немавме во нашата евиденција, изјавил раководителот на Јавното претпријатие "Кикинд".
 
Во знак на извинување поради овие неправилности тие нема да наплатат трошоци за погребување на жената.