Македонија
24. March 2017 - 14:12

Скандал: Нападнат возачот на турската амбасадорка додека беше на средба во Министерството за култура

Вчера во 16.15 часот во Скопје, пред Министерство за култура, било паркирано патничко моторно возило “Мерцедес“ со дипломатски таблици од Амбасадата на Р.Турција.
 
Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Р.Турција од возилото.
 
Истото не успеало во намерата, по што физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на амбасадорот на Р.Турција.
 
Непознатото лице го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.