Македонија
22. May 2017 - 16:45

СЈО со три нови случаи за 21 лице

Со новата истрага „Талир“, Специјалното јавно обвинителство бара замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кој се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин. Претседателот и високи функционери на партијата се осомничени за перење пари и нелегално финансирање.

СЈО денеска презентираше три нови истраги за вкупно 21 лице.

Од СЈО на новинарско прашање зошто водат истраги исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ,  тврдат дека нивната работа е неселктивна.

Жестока реакција пристигна од ВМРО-ДПМНЕ.  Дури тројца високи партиски функционери, велат дека денешната прес-конференција на Јанева е базирана на измислени информации и ја оценија како обид на СДС и на СЈО да го уништат угледот на партијата која 11 години работеше во интерес на граѓаните.

Во следниот период од партијата  очекуваат уште поголеми притисоци од тимот на Јанева, на кои велат дека ќе одговорат соодветно.