СЈО: Поднесено барање за заштита на законитоста за предметот „Талир“
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека постапувајќи по предметот „Талир“ до Врховниот суд на Република Македонија е поднесено барање за заштита на законитоста.
- Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое е одбиено барањето на ова Јавно обвинителство за обезбедување дел од имотот на една политичка партија, било незаконито, се вели во соопштението.
СЈО потсетува дека на 22 мај годинава поднесе барање за привремено одземање имот заради обезбедување, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање хипотека на тој имот поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, кое беше одбиено.
Причините за поднесување на барањето за заштита на законитоста, појаснува СЈО, се во фактот што во конкретниот случај се исполнети сите законски претпоставки за обезбедување на имотот кој што потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрепуваат барањето за обезбедување на имотот.
- Со барањето за заштита на законитоста укажано е на неопходноста од толкување на Законот за финансирање на политичките партии во согласност со меѓународните стандарди врз основа на кои овој закон е донесен и на околноста дека рестриктивното толкување на првостепениот суд на споменатиот закон е во спротивност и со заложбите за спречување на корупцијата како неопходен услов за градење демократско општество и почитување на принципот на владеењето на правото, наведува СЈО во соопштението.
Во случајот „Талир“ којшто се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово