Македонија
21. October 2016 - 16:44

СЈО молчи за вработувањата на членови на СДСМ, плус нивните деца, внуци и роднини, како и лица со криминални досиеја

Специјалното јавно обвинителство официјално ја започна предизборната кампања на СДСМ, вака аналитичарот Александар Пандов ги толкува интензивните активности на Катица Јанева и нејзините обвинители.

Серијата вработувања на активисти на СДСМ и блиски роднини на самите специјални обвинители,за Пандов се уште еден доказ за поврзаноста на оваа институција со опозициската партија. Очекува антикорупциската комисија да провери дали е законски Јанева да го вработи својот внук од сестра, и дали е партиска одлуката з авработување на кадри како Боки Бургија или активистите на шарената револуција и децата на кандидати за пратеници од СДСМ.

Лидерот на СДСМ пак и денеска тврди дека СЈО работи независно. Дава поддршка за нивните активности.

СЈО со денови не одговара за вработувањата на свои роднини и активисти на СДСМ. Институцијата предводена од Јанева избегна и да го презентира финансискиот извештај пред пратениците.