Loading Video...
Фудбал
20. February 2018 - 15:19

„Сити“ елиминиран од Виган во ФА купот

Екипата на Виган го направи најголемото изненадување во осминафиналната рунда на англискиот ФА куп. 
 
Виган го елиминира Манчестер Сити со победата од 1-0 остварена пред своите симпатизери. 
 
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Вил Григ во 78. Минута.
 
Противник на Виган во четвртфиналето ќе биде Саутемптон. 
 
Познати се уште две четвртфинални двојки и тоа Лестер ќе се сретне со Челзи, а Манчестер Јунајтед го пречекува Брајтон. 
 
Последниот пар ќе го дадат победниците од повторените средби меѓу Шефилд Венсдеј и Свонси (27 февруари) односно Рочдајл и Тотенхем (28 февруари). Четвртфиналето на програмата е на 17 март.